Клучот за успех во фармацевтската индустрија е во следењето на најновите стандарди

Клучот за успех во фармацевтската индустрија е во следењето на најновите стандарди, исполнувањето на високите критериуми на усогласеност и, пред сѐ, во развојот на своите вработени. Сеприсутно е значењето на добро обучениот и квалификуван кадар во одделите за следење на безбедноста на лековите во компаниите.

Одделот за фармаковигиланца во „Алкалоид“ постојано е во тек со новостите и со легислативата и своето високо ниво на професионалност го остварува преку континуирани едукации, обуки и научни усовршувања.

Во текот на 2022 г. беа реализирани специјализирани и напредни обуки за проверки и за инспекции од областа на фармаковигиланцата.

Преку примена на знаењето од областа на внатрешните проверки и инспекции и преку негова практична примена со користење соодветни техники се овозможува секоја компанија да ги идентификува сите постојни јазови или ризици во своите системи и процедури.

Сето ова дава корисна можност компаниите да ги дефинираат и да ги воспостават приоритетите, но и да обезбедат заштита на брендот и усогласеност на компанијата.

Преку редовно проверување на системите за фармаковигиланца на партнерите на „Алкалоид“, кои вклучија рекордни 17 проверки во изминатата година, заемно се унапредуваат системите за фармаковигиланца, водејќи до уште поспецифициран и порегулиран свет на безбедни, ефикасни и на квалитетни лекови за сите пациенти.