Остин: Ќе го превртиме секој камен за да откриеме кој е изворот од каде протекуваат податоците

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, најави дека САД ќе продолжат да го истражуваат неодамнешното протекување доверливи документи додека не се утврди неговиот извор.

Британски Ројтерес наведе дека видел повеќе од 50 документи означени како „Тајна“ и „Строга тајна“, што првпат се појавија на социјалните мрежи во март, и кои наводно откриваат детали за воените способности на некои сојузници и противници на САД, но дека агенцијата не можела независно ја провери нивната автентичност.

-Ќе продолжиме да истражуваме и ќе го превртиме секој камен додека не го утврдиме изворот и степенот на сето ова, рече Остин синоќа на прес-конференција во Стејт департментот.

Остин е првиот висок американски функционер кој го коментираше истекувањето на податоците и притоа кажа дека Пентагон бил запознаен со документите објавени на 28 февруари и 1 март, но не е сигурен дали имало други документи претходно објавени на интернет.

-Тоа се работи што ќе ги дознаеме во текот на истрагата, додаде американскиот секретар за одбрана.