Елизабета Ивановска – нов в.д. директор на болницата во Битола

Клиничката болница во Битола е со нова в.д. директорка. На позицијата е поставена Елизабета Ивановска, доктор специјалист-интернист.

Таа беше раководител на Интерното одделение во болницата.

Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини.

Ивановска денеска на првиот работен ден како в.д. директорка на клиничката болница ќе се соочи со протест пред болницата, кој е закажан за 17 часот.

Вчера во вонреден надзор таму беше тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да ги отврди околностите околу смртта на новороденчето кое почина на Одделението за гинекологија и акушерство, два часа откако се роди пред два дена.

Во врска со смртта на шестгодишната Јана веќе беше направена вонредна контрола, по што беше соопштено дека инспекторите не нашле недостатоци во лекарското постапување.