Во последните 24 часа од направени се 6.119 тестови, регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19, починале 19 лица, од кои четири се пријавени согласно регистарот од Мој термин, а оздравеле 973 пациенти, информираат од МЗ.
Од новите случаи на ковид, најмногу има во Скопје – 968, следат Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41…
Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.
Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола – 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61 г, 70 г, 85 г и 85 г), 3 починати од Прилеп (71 г, 72 г и 82 г), 2 починати лица од Битола (84 г и 84 г) и по едно починато лице од Гостивар (72 г), Охрид (81 г), Кочани (70 г), Свети Николе (79 г), Струмица (78 г) и Штип (78 г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72 г до 75 г.
Бројот на активни случаи изнесува 21.883.