Во Бугарија рекордни 12.399 новозаразени и 73 починати за 24 часа

Соседна Бугарија во последното деноноќие пријави рекордни 12.399 нови случаи на заразени со коронавирус за еден ден, при што повеќето случаи се предизвикани од сојот Омикрон.

Во Бугарија, каде има вакцинирани помалку од 30 отсто од 7-те милиони жители, забележани се уште 73 смртни случаи.

Според најновите податоци, бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија надмина 903.000, а починале 32.869 лица.

Најмногу новозаразени има во Софија – 3.199.