СЗО алармира: Омикрон создава високи ризици за здравјето!

Светската здравствена организација соопшти дека нивото на ризик поврзано со варијантата Омикрон останува многу високо откако бројот на нови случаи на Ковид-19 достигна нов рекорд минатата недела.

„Пријавени се повеќе од 21 милион нови случаи, што е најголем број неделни случаи пријавени од почетокот на пандемијата“ – соопштија од СЗО.

Бројот на нови случаи се зголемил за пет отсто во седмицата до неделата, во споредба со 20 отсто зголемување во претходната недела.

Организацијата информира дека се регистрирани скоро 50.000 нови смртни случаи, слично како и претходната недела. Во извештајот се вели дека Омикрон продолжува да доминира.

„Тековната глобална епидемиологија на САРС-КоВ-2 се карактеризира со доминација на варијантата Омикрон ширум светот, континуиран пад на преваленцијата на варијантата Делта и многу ниско ниво на дистрибуција на Алфа, Бета и Гама соевите“ – соопштија од СЗО.