
Во Србија, во последните 24 часа, 403 лица биле позитивни на коронавирус, од 3.409 тестирани, додека четири лица починале како последица на инфекција.
Во одделенијата за Ковид во моментов се на болничко лекување 152 пациенти, од кои 12 се на вентилатори, се вели во дневниот извештај на страницата Covid19.rs.
Од почетокот на епидемијата во Србија, според официјалните податоци, од Ковид-19 починале вкупно 17.974 лица.
Од вкупно 12.632.103 досега тестирани, позитивни се 2.519.355 лица.