
Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер е регистриран на полуостровот Камчатка во Русија во 5 часот наутро.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 100 километри и 10 километри оддалечен од градот Виључинск, каде живеат околу 25.000 луѓе.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, а нема ниту најава за цунами.