Бугарскиот академик Ванчо Митев тврди дека комбинацијата на инхалиран бромексин и колхицин, администрирана на амбулантска основа ги елиминира компликациите и приемот во болница. Тоа се новите лекови што би можеле да бидат воведени во третманот на болните од ковид-19 во Бугарија.
Според биохемичарот Митев, овие два лека, кои се евтини и лесно достапни, можат значајно да го подобрат лекувањето на болните од болеста.
„Пред една година, претпоставив дека бромексинот може да биде многу корисен во превенцијата и лекувањето на ковид-19. Овој евтин и безопасен лек ja блокира пенетрацијата на вирусот во клетката, со инхибиција на површинската протеаза потребна за инфекција. Препорачав да се зема профилактички во пропишаните дози и една година подоцна можам со сигурност да кажам дека многу луѓе се заштитиле од болеста или полесно ја совладале. Меѓутоа, кога се користи како пилула, лекот не е многу ефикасен, како што е опишано во светската литература. Кога колегите од болницата Александровска почнаа да го користат со вдишување, ефектот беше запрепастувачки“ – вели Митев.
За лекот колхицин кој познат повеќе од 3.500 години беа спроведени голем број клинички испитувања со спротивставени, прилично негативни резултати.
„Кога се распрашував за употребените дози, бев изненаден кога открив дека на никој не му текнало да проба повисоки. Колегите од болницата Александровска долго време користат двојно повисоки дози за одржување (2 mg/ден), а оптоварувачките дози првично се по килограм на тежина. Комбинацијата на инхалиран бромексин и колхицин. администриран на амбулантска основа, практично ги елиминира компликациите и приемот во болница. Колхицинот е исто така евтин лек. Несаканите ефекти (гадење и дијареа) се слични на Paxlovid и достигнуваат 30-40%, но не се драматични, за разлика од лековитото дејство. Во моментов на овој начин интензивно собираме податоци од амбулантски пациенти за да ги објавиме. Излегува дека со два добро познати лека, а многу евтини, се постигнува подобар ефект од лековите на Фајзер и Мерк за амбулантско. третман на ковид-19. Звучи дури и дрско, но повеќе од една година ова го кажувам без сомнение“ – рече Митев за бугарските медиуми.