Ново поскапување на горивата во земјава

Од ноќеска на полноќ ново зголемување на цената на горивата во земјава, и тоа за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, додека Еуросупер – 98 ќе се продава за 80,5.

Дизелот ќе се продава по 71 денари за литар.

Како причина за новите малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена.