Папата Франциск и Лионел Меси разменија дресови

Фудбалерот на ПСЖ, Аргентинецот Лионел Меси добил дрес со автограм од папата Франциск. Ова доаѓа откако Меси му даде свој дрес на папата, објавија денеска во Ватикан.

Вчера Меси го примил дресот од рацете на монсињор Емануел Гобилијар, помошен епископ од Лион и пратеник на Светата столица на Олимписките игри во Париз во 2024 година, се наведува во соопштението.

Претходно, во октомври минатата година премиерот Жан Кастекст на папата Франциск му го предаде дресот во бојата на францускиот клуб со бројот 30 и потписот на Меси.

Папата Франциск е Аргентинец, голем обожавател на фудбалот, а од детството навивал за клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес. Тој се заблагодари на Меси.