Сугарески на Фејсбук: За изградба на кружен тек, Општина Прилеп ќе издава обврзница изразена во милиони евра!

Од причина што обврзницата значи финансиско задолжување на Општината, нејзиното издавање има смисла само ако е наменета за инвестиција која во иднина ќе и’ носи приход на општината. На пример, изградба на систем за гасификација на градот, нови паркинзи, пазар и слично, напиша поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески на својот Фејбсук профил.

Но, финансиско задолжување за изградба на кружен тек е срамота.

Градоначалник, советници од општинскиот Совет – оваа работа не ја бива. Ваквото задолжување би било ужасна грешка!

Укажувам со најдобра намера, порача Сугарески.