
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја повика својата земја да биде подготвена да изврши нуклеарни напади во секое време за да спречи војна, обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за проширување на заедничките воени вежби кои вклучуваат американско нуклеарно способно оружје, објави Ројтерс, цитирајќи Севернокорејската новинска агенција KCNA.
Изјавата на Ким ги придружуваше севернокорејските воени вежби во саботата и неделата. Според КЦНА, нивната цел била да развијат тактички способности за нуклеарен удар и воено одвраќање.
За време на вежбата беше истрелана балистичка ракета со имитација на нуклеарна боева глава. Ракетата поминала 800 километри и погодила цел на височина од 800 метри во тактичко сценарио за нуклеарен удар, пренесува КЦНА.
Јужна Кореја и Јапонија во неделата објавија лансирање на севернокорејска балистичка ракета со краток дострел од источниот брег на земјата. Тоа е најновото во серијата ракетни тестови во последните недели.
Северна Кореја остро реагираше на заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД овој месец, опишувајќи ги како проба за инвазија против неа.
Во друго соопштение, КЦНА објави дека 1,4 милиони Севернокорејци доброволно се пријавиле да се приклучат или да се вратат во војската за да се борат против Сеул и Вашингтон. Само два дена претходно, бројот на волонтери наведени од државен весник изнесуваше 800 илјади.