
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод договорот постигнат вчера во Охрид, изјави дека Косово се покажало како единствена страна која е конструктивна и заинтересирана за мир и стабилност.
– Очекувам да се исполнат обврските на нашите сојузници во однос на членството на Косово во меѓународните организации, како и признавање од страна на земјите кои се уште не го признале. Немам никакви очекувања од Србија. Ќе продолжат да ги кршат договорите, како што тоа го правеа изминативе 12 години – рече Османи.
Таа оцени дека доколку се сака вистинско спроведување на договорот, „мора да се смени попустливиот пристап кон српската влада“.
– Санкционирајте го секој нејзин обид за дестабилизација на ситуацијата на терен, како и нејзината неконструктивност и континуирано блокирање на преговорите – рече Османи.