По онлајн-кампањата „Да, тој доаѓа“, ДУИ за утре најавува голем митинг во Чаир, на кој ќе присуствува и лидерот на интегративците, Али Ахмети.
Настанот е закажан за 19 часот кај спортската сала „Шабан Трстена“.
Првиот вицепремиер и еден од најблиските соработници на Ахмети, Артан Груби, на социјалните мрежи еуфорично го најави присуството на партискиот лидер на митингот, нарекувајќи го национален лидер на Албанците. Инаку, и на самиот Груби матичен му е чаирскиот разгранок на ДУИ.
„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите. Не пропуштајте го, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како е да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината“ – објави Груби на Фејсбук.
<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FArtanGrubi%2Fposts%2Fpfbid02vBkvN2HfycMd9tGPenmL2TF5uh2pQvaT1658iVmMEg4zXLphHhhR81sEtToa6R6wl&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”718″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>
Претходно и премиерот Димитар Ковачевски кажа дека се работи за внатрепартиска кампања на ДУИ, откако слоганот „Да, тој доаѓа“ предизвика серија реакции во јавноста оти се протолкува како најава за избори и доаѓање на премиер Албанец на чело на техничка влада 100 дена пред гласањето.
Утрешниот митинг на ДУИ на чело со Ахмети ќе се одржи во упориштето на „огнената група“, која подолг период бара смена на првиот вицепремиер Артан Груби, но и на други други функционери на ДУИ од партиските органи и од извршната власт поради нереализирање на партиската програма.
Барањата на „огнената група“ не наидоа на поддршка од лидерот Ахмети што беше повод и едните и другите да почнат со интензивни средби со членството и симпатизирите.
Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, кој е чаирец и е еден од предводниците на „огнената група“, утрешниот митинг го окарактеризира како собир на „артанисти“.
„Не сме поканети. Тоа е собир на артанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, од секаде“ – кажа Меџити.