ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски и Груби веднаш да го поништи тендерот за надзор за изградба на патиштата

„И покрај скандалите со компанијата Ептиса, за која се менуваше тендерската постапка, се пролонгираше рокот од страна на владата за тендерот за надзор на изградбата на автопатите на коридор 8 и коридор 10Д, уште една фирма во конзорциумот е со сомнител беграунд“, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Евро Консалтинг, која е дел од конзорциумот ИРД- Ептиса- Електра солушн, е во сопственост на Бранимир Димитријевиќ од самото основање до денес.
Истиот Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор на развој и спроведување на проектот коридор Север-југ во Ерменија. Тој извршил измама во вредност од 1.8 милиони долари.

Токму Евро Консалтинг заедно со другите 3 фирми го добиваат тендерот за надзор за изградба на автопатиштата од Коридор 8 и 10Д, иста работа за која Димитрјевиќ е гонет за измама во друга држава.Бранимир Димитријевиќ со помош на 3ца македонски димпломати побегнува од Ерменија со приватен авион, во 2019 година во време кога на власт се СДС и ДУИ.

Сега Артан Груби и Димитар Ковачевски ова лице за кое има и распишано меѓународна потерница од Ерменија го наградуваат со тендер од 22 милиони евра.

 

Целиот процес со надзорот на овој проект е компромитиран и е ставен во ризик и за тоа владата на Ковачевски и Груби треба веднаш да го поништи тендерот за избор на надзор на проектот за изградба на автопатиштата од коридор 8 и 10Д и да распише нова транспарентна тендерска постапка.

 

Јавното обвинителство треба веднаш да отвори постапка за изборот на двете фирми во конзорциумот за надзор, Ептиса и Евро консалтинг бидејќи е загрозен проектот и репутацијата и на државата и на реномираните компании кој ќе го градат овој проект Бектел и Енка, стои во соопштението на партијата.