Идниот вторник пресуда за 17-годишна девојка, за убиството на 16 годишникот од тетовско

Судот во Тетово на 14 март ќе ја соопшти судската одлука за убиството на 16-годишникот од Ново Селo за што е обвинета малолетна девојка. Според информациите, осомничената е обвинета за убиство. Бидејќи во моментот на делото била малолетна, може да биде осудена на 10 години затвор.

„По наредба на судот, но и согласно член 99 од Законот за права на децата, сите присутни немаат право без дозвола на судот да даваат какви било информации за текот на судски процес“, рече Ибрахим Бајрами- адвокат.

Убиството се случи на 21 декември минатата година, на патот што води кон Тетовските бањи. Според обвинението, девојката најпрвин употребила солзавец, по што откако момчето изгубило свест, му ги врзала рацете и нозете, а потоа го фрлила во реката Пена. Неговото тело подоцна го пронајдоа пожарникарите и полицијата.