Мафијашка пресметка во Србија, ликвидиран Ранко „Ескобар“

Ранко Радошевиќ Ескобар (55) е убиен денеска на бензинска пумпа во Рушње кај Белград во Србија. Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон него, а потоа со соучесник побегнал. Бруталната ликвидација се случила денеска околу 11 часот на пумпата каде што се сомнева дека напаѓачот и соучесникот го чекале Радошевиќ.

– Камерите го снимија убиството, на видеото се гледаат двајца сторители со качулки и хируршки маски. Постојат сомнежи дека напаѓачот испукал два истрели во главата на Радошевиќ и пет во телото.

По пукањето, полицијата ја започна акцијата „Вител“, а во меѓувреме е пронајдено и опожарено возило „Голф 4“ за кое постои сомневање дека е употребено во убиството – изјави извор на Информер.рс запознаен со случајот, додавајќи дека опожарениот – возилото е всушност украдено и дека од таа причина се сомнева дека било искористено за ликвидација.

Ескобар е роден во Подгорица, но бил на чело на Никшиќкиот клан. Ранко Ескобар стана познат во подземјето по трговијата со блиндирани автомобили. Токму едно такво возило е пронајдено во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук, кому му се суди за седум ликвидации и други тешки кривични дела.

Името на Радошевиќ во медиумите се споменува од 2006 година, кога заедно со тогашниот лидер на „бежанискиот клан“ Горан Мијатовиќ беше уапсен поради изнуда на адвокатот Бранимир Гугл во Белград.

После тоа е убиен Мијатовиќ.