СДСМ: Молк во ВМРО-ДПМНЕ за опструкциите и нивната улога во лажните дојави со бомби

„ВМРО-ДПМНЕ молчи за опструкциите и нивната улога во лажните дојави за поставени бомби.

Со повик за непочитување на новите протоколи, од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките со справување со дојавите за поставени бомби во училиштата.

Со вакво неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и страв кај граѓаните.

Новите протоколи се изработени од експерти и со нив се гарантира безбедноста на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставата.

ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава“ соопштуваат од владејачката СДСМ.