Четири лица загинаа во ракетен напад врз Лавов

Четири лица загинаа во ракетен напад врз Лавов, соопштија локалните власти.

Воздушната тревога траеше четири часа. Според надлежните, проектилот паднал врз станбена населба и избувнал пожар кој до утрото бил изгаснат.

„Засега знаеме за четири загинати лица. Тоа се возрасни, двајца мажи и две жени. Тие биле дома кога паднала ракетата“, соопштија локалните власти.

Не е исклучено под урнатините да има повеќе мртви.

Уништени се три станбени згради.