
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, и официјално влегува во трка за новата локална власт што ќе се избира на 14 мај.
ЦИК доцна попладнево објави дека денеска се прифатени барањата за учество на изборите на уште 41 политички субјект и на четири групи граѓани кои поддржуваат независни кандидати, две за Корча и по една за Тирана и Драч.
Комисијата утре треба да ја разгледа документацијата на уште десетина политички субјекти.