
Брачниот пар од Турција, Нергис и Чумали Бакајли, по цел месец страв и неизвесност го пронашле своето бебе изгубено во земјотресот.
Шестмесечното бебе исчезнало по земјотресот во Турција на 6 февруари, а во моментот на земјотресот било во болницата во Караманмарас и оттогаш му се губи секаква трага. Не било јасно дали детето е извлечено на безбедно или починало под урнатините, а родителите биле сместени во прифатен центар.
Приказната за разделеното семејство ја објавија бројни турски медиуми, а парот по земјотресот почнал да трага по своето бебе.
Нивното бебе било под болничка нега поради мозочно крварење по предвремено породување, а по земјотресот било префрлено во Градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Селџук, но поради општиот хаос и недостигот на документи, многу семејства, меѓу кои и ова, беа разделени.
Вработените во болницата во Селџук го препознале детето и ги известиле родителите дека бебето е кај нив, живо и здраво.
Мајката Чумали Бакајли раскажала како не знаеле каде е нивното дете.
„Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не знаевме каде е. Кога ни се јави докторот и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра, Господ да ги благослови сите, цел свет беше наш“, раскажува мајката за НТВ.
Таткото на Нергис Бакајли бил пресреќен што состојбата на девојчето е добра.
„Не дај Боже некому да му се случи вакво нешто. По земјотресот немавме вести за нашето девојче. Господ да ги благослови сите“, рече тој.