Радован Витошевиќ е поставен за директор на myWorld за Југоисточна Европа

Радован Витошевиќ – генералниот директор на компанијата myWorld (мајВорлд) е поставен за регионален директор на компанијата за Југоисточна Европа.

Компанијата myWorld која изминатата година прослави 10 години постоење на македонскиот пазар успешно ги гради своите планови преку одлична менаџерска политика, а доказ за тоа е што управниот директор Радован Витошевиќ, придонесе за голем успех во myWorld Бугарија, myWorld Косово и myWorld Албанија како нивен регионален директор.

Под капа на оваа групација се повеќе брендови и индустрии: myWorld.com, marketplace.myWorld.com, travelWorld.com, Benefit Lounge, OneSense, @media, eVoucher и итн.

„Успехот во Македонија изминатите години и успешната бизнис приказна која ја градиме веќе 11 години, не само кај нас, туку и во Бугарија, Албанија и Косово, претставуваше мотив за мене и целиот тим да работиме напорно и посветено. Менаџментот на компанијата го препозна тоа, и резултатите кои ги постигнавме, беа причина да бидам назначен за регионален директор за Југоисточна Европа. Многу сум среќен што сега ќе имам прилика да придонесам за развој на останатите пазари во регионот и да продолжиме да ја шириме успешната приказна. Горд сум што сме пионери во лојалната индустрија и заедно со овие пазари од овој дел на Европа ќе поставиме нови стандарди на работа и ќе ја зголемуваме куповната заедница низ светот” – вели Витошевиќ.

Неговата експертиза во областа на бизнис и менаџмент ќе ја имплементира во своето менаџирање како регионален директор на вкупно 11 земји вклучително и Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора – предизвик којшто одлично го прифаќа со ентузијазам.

Компанијата myWorld Holdings Ltd. London во светот брои повеќе од 15 милиони членови кои можат да пазаруваат онлајн и да добиваат Cashback и Shopping поени преку својата лојална програма.