Сиљановска-Давкова: Цела Влада на локални избори, премиерот најактивен – чуден феномен

„Кај нас цела Влада беше на локални избори, тоа е многу чуден феномен“ рече пратеничката Гордана Сиљановска Давкова вечерва на ТВ21.

Таа рече и дека ни Собранието не работело, затоа што сите биле на терен.

„Разликата меѓу националното и локалното е избришана, па извинете најактивната личност на локалните избори беше нашиот премиер. Немаше собир на којшто тој не беше присутен“, додаде таа.