Грчкиот весник „Та неа“ пишува дека најмалку 40 од вкупно 1.800 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, а околу 1.000 од нив се разболеле. Само 500 од нив се вакцинирани против коронавирусот.
Игумен на еден од манастирите рекол дека двајца монаси починале вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.
Во изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.