Институтот за јавно здравје соопшти дека според извештајот во периодот од 10 до 16 јануари, регистрирани се 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19 во 35 градови во државата, што е зголемување од 33.9% во однос на минатата недела.
„Процентот на позитивност се движи од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.152,4/100.000. Висока инциденца се регистрира и во Битола (n=1.025; I=1.035,5/100.000)“ – се вели во извештајот на ИЈЗ.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39 години, односно 2.643 или 23.8%.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, што претставува зголемување од 31,8% во однос на претходната недела.
Од ИЈЗ соопштуваат и дека во изминатата недела се пријавени 55 смртни случаи во 15 градови или 34.1% повеќе од претходната недела.