Почина најстариот маж во светот

Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Шпанија, официјално најстариот маж во светот почина на 112 години и 341 ден, соопштија од Гинисовата книга на рекорди.

Гарсија во септември лани го собори Гинисовиот рекорд како најстар маж во светот, а следниот месец требаше да го прослави 113-тиот роденден.

Роден е на 11 февруари 1909 година. Има 7 ќерки, 14 внуци и 22 правнуци.

Во 1933 година се оженил со Антонина Барио Гутерес.

Неговиот рецепт за долг живот – не треба никого да повредувате.