„Западот му се заканува на Белград“

Александар Бочан-Харченко во интервју за „Ведомости“ зборува за тоа како и на кој начин Западот му се заканува на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Рускиот амбасадор во Србија посочи дека заканите доаѓаат затоа што одбива да се приклучи на антируските санкции.

„Западот му се заканува на Белград со „секундарни санкции“ поради одбивањето да се приклучи на санкциите против Русија. ЕУ и САД се обидуваат да докажат дека Србија, како европски кандидат, мора да ја преиспита својата надворешна политика. Поточно, На Србите им беше кажано дека како казна може да ги блокираат пристапните преговори, да им го ограничат пристапот до фондовите на ЕУ и да го суспендираат безвизниот режим. Има и закани за можно намалување на западните инвестиции“, објасни рускиот амбасадор.

Според амбасадорот Бочан-Харченко, ваквите сценарија би биле многу болни за Србија, бидејќи земјата започнала со добро темпо на економски развој.