Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56…
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 310 реинфекции.
Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64 г, 66 г, 68 г, 79 г и 82 г), 3 од Струмица (58 г, 61 г и 66 г), 2 од Кавадарци (52 г и 87 г) и по едно починато лице од Куманово (73 г), Струга (77 г) и Охрид (54 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.
Бројот на починати како последица на Ковид 19 во Македонија е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.