Мајкл Даглас „зјапа“ во деколтето на Кетрин Зета Џонс
Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс се појавија на премиерата на филмот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ во Лондон, а многумина ги насмеал моментот кој го уловија фотографите.
Кетрин Зета-Џонс го привлече вниманието со своето појавување на премиерата на „Ant-Man And The Wasp: Quantumania“, а ниту нејзиниот сопруг Мајкл Даглас не можеше да го тргне погледот од актерката.
Имено, додека се шетале по црвениот тепих, парот се држел за раце. Фотографите го фатиле моментот во кој Даглас го гледа деколтето на неговата сопруга, а фотографијата набрзо се прошири на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Многумина коментираа дека Мајкл и Кетрин изгледаат вљубени како и првиот ден и дека Даглас не може да го тргне погледот од својата убава сопруга.
Кетрин Зета-Џонс се појави во прилично впечатливо модно издание, актерката за оваа пригода избра впечатлив пастелно син фустан. Двојката се појави во добро расположение додека се фотографираа пред проекцијата.