Екс-преговарачот на македонската Влада за бугарско-македонскиот спор – Владо Бучковски за бугарска БНТ вели дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година. Според него, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји.
Бучковски смета дека во однос на инфраструктурата Скопје има направено двојно повеќе од Софија.
Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Северна Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа, а за да се смени Уставот на Северна Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник.
Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се противи на ова да се случи.
Бучковски ги прашува бугарските граѓани – каков е ефектот од блокадата на Северна Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза?
„Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата. Проблемот беше што во Бугарија немаше влада осум месеци“ смета Бучковски.