Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72…
Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.