Казахстан изброја 225 починати во неодамнешните немири!

Во немирите во Казахстан кои започнаа како мирни, против зголемувањето на цените на енергијата, за само неколку дена животот го загубија 225 лица, соопштија денеска казахстанските власти

„За време на вонредната состојба, во мртовечница беа однесени телата на 225 лица, од кои 19 се припадници на полицијата и војската“ – рече денеска на прес-конференција Серик Шалабаев, оној које задолжен за кривичната истрага во Обвинителството.

Меѓу останатите загинати, според него, се телата на „вооружени разбојници, кои учествуваа во терористички напади“.

Претходно Казахстан соопшти за помалку од 50 загинати, меѓу кои 26 демонстранти и 18 припадници на безбедносните сили.

Во болниците завршија над 2.600 лица, од кои 67 во тешка состојба.

Казахстанските власти за насилството во неколкуте града низ земјата ги обвинија „бандите и меѓународните терористи“, за кои велат дека ги украле протестите.