Ердоган во понеделник во посета на Албанија
Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган во понеделник ќе допатува во еднодневна официјална посета на Албанија, а на аеродромот во Тирана ќе биде пречекан од премиерот Еди Рама.
Претседателот на Турција заедно со Рама ќе отпатуваат кон Курбин да пуштат во употреба станбениот блок, со 524 станови, изградени со средства на турската држава, во рамки на помошта за обнова на разрушените домови во катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26-ти ноември 2019 година.
Ердоган во понеделник ќе ја посети и џамијата Етхем-бег, која е реставрирана со средства од турската владина Агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА).
Предвидено е Ердоган да одржи и поздравен говор во албанскиот Парламент на првата пленарна седница во оваа година.