Проф. Жидас Даскаловски во најновото издание на Трилинг, на прашањето што да очекуваме на 4-ти февруари, дали Гоце Делчев може да биде причина да се обединат двете земји или пак спротивното на тоа , тој одговори:
,,На 4-ти февруари очекувам од двете влади заеднички настап, во смисол координирана и организирана прослава каде што ќе има протокол, каде што ќе се знае кој кога како кога ќе настапи, каде што ќе има соодветна безбедносна проценка, каде што ќе има соодветни од точно одредени позиции кој политичар во кое време ке положи цвеке, каде што ке нема групирање и масовно свиркање”.
Тој смета дека е потребно повеќе да се комуницира.
,,Треба добра конуникација, премиер, претседател на оваа држава, на таа држава треба да комуницираат, како што требале да комуницираат пред да се отворат клубовите во Охрид и во Битола со тие имиња што ги отворија. Не можете да одржувате пријателски односи а да не му кажете на својот колега од другата страна. Па чекајте малку, не може со такви имиња во ред, во ред е да има бугарски клуб, меѓутоа дајте да го наречеме по некој друг револуционер, поет” – вели професорот.