Станојоска: Институциите потфрлаат, тоа е една од причините зошто жените не пријавуваат насилство

Според професор Ангелина Станојоска, трендот на се почесто насилство врз жените е сериозен општествен проблем кој што своите корени ги има во патријархалните односи кои што постојат во општеството, во таа диференцијација на моќта која што постои меѓу родовите и  кривично дело квалифициран облик на повеќе типови на кривични дела кои се задржани кај нас во кривичниот законик.

,,Меѓутоа зголемениот тренд пред се е поврзан можеби во еден аспект со темната бројка, односно тоа што жртвите често решаваат да не го пријават насилството кое што им се случува. Во истражувањата кои што постојат и сум ги правела во еден дел во однос на криминалното однесување на жените, една од причините поради која што се решаваат да не пријават е тоа што не доаѓаат до заштита од страна на институциите, односно што се случува од моментот кога ќе решат да пријават. Тоа сепак не значи дека не го препознаваат,туку пред се тоа е поврзано во однос на нивната заштита што ке се случи кога ќе решат да пријават затоа што имало навистина примери кои што покажувале дека откако жртвата ќе се реши да пријави  не наидува на потребната заштита“ вели професорката.

Според неа, институциите честопати потфрлаат заради тоа што не е доволно само да се пријави, што ќе се случи после тоа нели,како ке ја заштитиме жртвата каде ќе ја сместиме за да не биде во контакт со сторителот или ако доагаат од заеднички дом не е доволно само да го отстраните сторителот со врски.

,,Истанбулската конвенција има навистина добри насоки околу тоа што треба да се направи и не ја потпишавме, ја ратификувавме така што сега сме во една фаза на внесување нови кривични дела во кривичниот законик, инкриминации кои што доаѓаат со врските од истанбулската  конвенција и се поврзани со целиот феномен на родово засновано насилство” – вели Станојоска.