Георгиев: Вучиќ се служи со класични ПР техники за да го заплашува населението

,,Вучиќ претстави дека понудата која ја добил на состанокот со големата петорка е ултиматум. Вчера слушнавме овде од претставниците на Франција и Германија дека немало никаков ултиматум, дека немало никакви уцени, значи тој се служи со класични ПР техники да го заплашува населението за да во некој следен чекор се претстави себеси како победник и некој кој успеал да се избори за некој голем резултат,секако тој сака да го сочува рејтингот во своето избирачко тело, и тоа се начините на кој тој го прави тоа” – вели Слободан Георгиев во најновото издание на Трилинг.