Битиќи: Минималната плата ќе расте!
„Минималната плата ќе биде 18.000 денари и тоа ќе се случи, штом се постигне договор помеѓу Владата, синдикатите и работодавците. Енергетската криза, економската криза и политичките состојби не дозволија минималната плата да се зголеми уште во месец декември, но раст на минималната плата во следниот период ќе има“. Ова го порача вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи на Алсат тв.
Тој посочи дека помошта кон граѓаните ќе продолжи.
„Во 2016 година минимална плата беше 9.000 денари или 38 отсто од просечна, на крај на декември 2021 просечна плата е 29.145 денари, а миниалната плата во ноември 2021 е на ниво од 52,2 отсто од просечната плата. За четири години уделот на минималната плата во просечната плата е за цели 14 процентни поени. И ова е еден од показателите кој влијае на намалување на сиромаштијата. Дополнително, со социјалната реформа која ја спорведовме дополнително влијаше врз степенот на сиромаштија и ако не ја преземавме оваа реформа, сега во време на пандемија ќе зборувавме за многу поголема стапка на сиромаштија од она што е во моментов“ рече Битиќи.
Во однос на енергетската криза, Битиќи рече дека уште минатата година Владата го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а сега ќе следуваат нови мерки, од кои првата од нив е субвенционирање од 600 до 800 денари месечно на сметките за електрична енергија за 7.500 семејства со ниски примања.