68% од новозаразените во Македонија се со сојот Омикрон

Статистиката на Министерството за здравство информира дека над 25% од тестираните на коронавирус во земјава имаат позитивен тест, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – Омикрон. Вчера има 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Активни се 13.478 случаи.

Според извештаите од болниците, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела.

Зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, а бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 238.061. Бројот на оздравени пациенти е 216.521, а на починати е 8.062.