Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди Турција, соопшти денеска Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил во 4 часот и 36 минути, а епицентарот бил на 25 километри јужно од градот Елазиг, на длабочина од два километри, пренесе РИА Новости.

Засега нема извештаи за штети.