Ноќеска филмско бегство на затвореник од Идризово на автопатот Скопје – Велес
Синоќа околу полноќ затвореник кој бил превезуван од Идризово кон болница побегнал.
Првичните информации велат дека затвореникот бил третиран во болница, за потоа на автопатот Скопје-Велес да се случи филмското бегство.
При бегството ранет е припадник на затворската полиција.
Засега не е познат идентитетот на затвореникот, но се знае дека бил осуден за убиство, велат неофицијалните информации.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.