Рускиот претседател Владимир Путин се налути кога дозна дека во моментов чекаат да бидат склучени договорите за набавка на нови воени авиони за земјата, а тој својот бес го истури врз министерот за економија и трговија, Денис Мантуров.
– Нема договори (за авионите). Што ќе ми кажеш? Знам дека не се склучени договори со овие компании бидејќи така ми рекоа нивните директори. Зошто се шегуваш? – му вели Путин.
Мантуров се обидува да му објасни на Путин дека мора да се внимава со тестирањето, сертификацијата и процедурите за увоз, но Путин не сака да ги слушне овие работи.
– Зошто се однесувате глупо? Кога ќе има договор (за авионите)? – рече Путин.
Мантуров му вели на лидерот на Кремљ дека ќе направи сè за во блиска иднина да склучи договори за купување авиони.
– Што сакаш да кажеш со тоа „поблиска иднина“? – го прашува Путин.
– Сето ова мора да се реши во рок од еден месец, ве молам, во рок од еден месец… Дали ги разбирате условите во кои живееме денес! – рече Путин.
Мантуров по ова само ја наведна главата.
THREAD: a short look at a scolding from Putin & what it tells us about modern Russia.
Today Putin slammed head of Ministry of Industry & Trade Denis Manturov for not signing any new contracts for aircraft in 2023.
Putin was pictured dramatically eye-rolling & paper shuffling. pic.twitter.com/vaCZogudBD
— Emma Burrows (@EJ_Burrows) January 11, 2023