Мемоарите на Хари продадени во 1,4 милиони примероци уште првиот ден

Мемоарите на принцот Хари, со многу остри критики на сметка на британската монархија, брзо почнаа со продажба која надминала 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објави денеска издавачот.

Издавачката куќа „Penguin Random House“ објави дека продажбата на книгата на Хари „Spare“ во сите облици на објавување (печатена, аудио и онлајн) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада.

Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на тие јазици не се познати.

И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Велика Британија, каде често го нарекуваат „разгалено дете кое ги користи придобивките од монархијата“.

Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.

Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс III, постариот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и маќеата Камила.

Бакингемската палата сè уште не ги искоментира наводите во книгата.