Украина: Истрелавме проектил кон руските војници во Соледар, убивме стотина од нив

Украинската армија објави дека истрелала проектил врз група руски војници во Соледар, при што загинале повеќе од стотина од нив, пишува „Киев Индипендент“.

Според Влодимир Зеленски, борбите во тој град се уште траат, но и дека ќе продолжат се додека во целост не ги неутрализираат руските сили.

Во изјавата што беше сосема спротивна од онаа на украинскиот претседател само неколку минути претходно, Пригожин тврди дека неговите сили целосно го ослободиле рударскиот град.

– Загинаа околу 500 украински војници. Целиот град е покриен со трупови на украински војници, рече Пригожин.