Захарова: Русофобијата е официјална доктрина во Естонија, ќе одговориме на непријателски дејствија

Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на руската амбасада во Талин нема да остане без одговор.

Ова денеска го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„За нас не е тајна дека Естонија е една од најнепријателските земји кон Русија. Русофобијата е официјална доктрина таму“, рече Захарова.

Таа додаде дека Естонија во исто време „сака да ги задоволи своите спонзори од другата страна на океанот“, пренесува ТАСС. Министерството за надворешни работи на Естонија денеска соопшти дека Русија мора да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Талин до 1 февруари.

Во соопштението се прецизира дека Русија мора да го намали бројот на дипломати на осум, колку што има Естонија во својата амбасада во Москва.