Четири земји во светот со најевтини кино-билети – Турција, Малезија, Казахстан и Србија, покажуваат податоците на британскиот финансиски портал „money.co.uk“.
Во Турција за одење во кино билетот ќе ве чини 2.06 евра, во Малезија – 3.13, во Казахстан – 3.23, а во Србија 3,40 евра.
Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика се на топ-10 земји со најевтини кино-билети.
Најскапо да се оди во кино е во Швајцарија, билетот чини 18.23 евра, па Данска – 14.79, Саудиска Арабија – 14.14, Јапонија – 14.07 и Финска – 14 евра за билет.