Се поголем број Бугари сметаат дека Македонија треба да стане членка на ЕУ

Се повеќе расте процентот на бугарски граѓани кои сметаат дека С. Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ без да се постигне договор за отворените прашања. Вака мислат 29,6 отсто од испитаниците, што е зголемување за околу 13 отсто во однос на ноември 2020 година, покажува истражувањето.

Анкетите покажуваат дека над 60% од бугарските граѓани сметаат дека С. Македонија треба да стане членка на Европската унија. Во одговор на прашањето – кој е фундаменталниот интерес на Бугарија за членство на РСМ во ЕУ, ако се остават настрана спорните прашања, 60,9 отсто од Бугарите се изјасниле дека земјата треба да стане членка на Унијата, наспроти 32,2 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека С. Македонија не треба да стане членка на ЕУ.

На прашањето – дали Бугарија треба да каже „да“ на почетокот на преговорите во Северна Македонија без да се постигне договор за отворените прашања, со „да“ одговориле 29,6.
Од анкетираните, 69 отсто сметаат дека не треба да се дозволат преговори без да се решат отворените прашања. Во ноември 2020 година, овој сооднос изнесуваше 81,1 отсто.

Мнозинството од анкетираните, како и бугарскиот премиер Кирил Петков, веруваат дека сегашните позиции на владите треба да се надградат.