Роберто Мартинез е нов селектор на Португалија

Роберто Мартинез денеска и официјално беше назначен за селектор на фудбалската репрезентација наПортугалија. Само неполн месец откако го напушти кормилото на Белгија, Мартинез сега ќе води уште една силна фудбалска репрезентација.

Мартинез доаѓа на местото на Фернандо Сантош кој долго време беше селектор, но неговата репрезентација потфрли на Мундијалот во Катар, испадна од Мароко во 1/4 финалето, и отказот беше неминовен.

„Почестен сум што ќе водам репрезентација која е една од најталентираните во светот“, рече Мартинез.

„Ќе зборувам со сите фудбалери кои беа на Мундијалот, меѓу нив и Роналдо. Тој заслужува да разговарам и јас го респектирам. Сакам да знам кои им се плановите на сите во иднина“, рече Мартинез.