Земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Крит, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот бил на длабочина од 21 километар, на 66 километри североисточно од Ираклион.

Претходно, рано утринава во 06:12 часот на тоа подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, а беа забележани и неколку уште послаби земјотреси.

Засега нема извештаи за евентуална штета.