Шестгодишно момче е приведено откако намерно ја застрелало својата учителка во американската сојузна држава Вирџинија. Инцидентот се случил во основно училиште во градот Њупорт Њуз .
Шефот на полицијата Стив Дру изјави дека е нејасно како момчето дошло до пиштолот.
„Инцидентот не се води како случајно пукање. Повредите на учителката се животно загрозувачки, иако состојбата ѝ се подобрува“, кажа Дру.
Тој додаде дека пред пукањето, ученикот од прво одделение и учителката се карале.
„Ова е изолиран инцидент. Досега не сме имале случај на пукање во училиште“, кажа Дру.